Пензионерите од цела држава денеска повторно протестираа, овојпат пред Собранието.
Тие на пратениците им подарија новогодишни пакетчиња полни со износени чевли. Побараа од пратениците да ги исполнат нивните барања за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, а најниската да изнесува 18.000 денари.
Се пожалија дека со сегашните пензии не можат да го истераат месецот до крај.
Поддршка за пензионерите дадоа само од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои излегоа од Собранието.
Се уште чека зелено светло од партениците предлог-законот што го достави Владата до Собранието, а се однесува на антикризните мерки, во кои се вклучени и финансиски надоместоци за пензиoнерите.
Доколку се усвои предлог-законот, финансиска поддршка во износ од 1.500 до 3.000 денари ќе добијат пензионерите со примања до 19.000 денари, во следните пет месеци.