Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи да се продолжи времето на пензионерите кога ќе можат да излегуваат во текот на денот за уште еден час за да ги завршат обврските.
Според Здружението, мерката пензионерите во текот на денот да имаат на располагање само два часа предизвикала голем број реакции и барања да се разгледа можноста за продолжување на оваа време за уште еден час за да можат да ги завршат неопходните обврски и потреби.
„Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата во услови на пандемија заради коронавирусот за заштита на сите граѓани во државата, а особена благодарност изразува до вработените во маркетите и на сите други за помошта што се дава на пензионерите како сензитивна и ризична популација“, – истакна Станка Трајкова, претседателка на Сојузот на здруженија на пензионерите.