Пензионери освоиле 25 милиони долари на лото, веднаш потоа жената го оставила мажот

by Fokus

Брачниот пар Кенет (77) и Кони (74) Паркер од Њујорк на лото освоиле џекпот од 25 милиони долари. Двојката била пресреќна бидејќи со тие милиони можеле да исполнат многу од своите животни соништа и да подарат нешто на своите деца. Меѓутоа, тогаш сè тргнало поинаку.

Тикетот го платила Кони, а парите биле уплатени само на нејзината сметка, пренесува „Мирор“.

Штом ги добила парите на сметката, го исфрлила сопругот од станот. Таа не сакала да му даде на својот сопруг ниту цент од добивката на лотарија и веднаш го прекинала контактот со него.

„Сигурен сум дека Кони сакаше да ме спречи да дадам голем дел од добивката на моите деца. Имам пет деца од претходниот брак”, рекол Кенет, кој подоцна се развел од сопругата и ја тужел.

„Се чувствувам изневерено. Сè уште сум лут на себе што некогаш ја сакав таа жена”, разочарано додал Кенет.

Двајцата пред тоа имале среќен брак, иако никогаш немале многу пари.

Секогаш играле лотарија со надеж дека еден ден ќе го добијат големиот џекпот.

Поврзани новости