Пензионер прегазен во Прилеп

by fokus

Пензионер од Прилеп бил прегазен од патничко моторно возило и со тешки телесни повреди префрлен во Градска болница Прилеп.

„На 24.08.2018 година во 17,30 часот во Прилеп на улица „Александар Македонски“ М.Т.(24) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки удрил во пешакот И.Т.(74) од Прилеп. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости