Кавадаречки пензионер на возраст од 80 години вчера се јавил во полицијата во Кавадарци, со цел да пријави настан, но на полициските службеници лажно им се претставил како градоначалникот на општината, Митко Јанчев.
Откако веднаш било евидентирано лажното претставување, со него бил извршен службен разговор.
Нема официјална информација околу тоа која била маката која го натерала пензионерот да бара помош од полицијата и притоа лажно да се претставува како градоначалникот, но против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Неофицијално пак, од наши извори, дознаваме дека се работело за пријава за наводна кражба.
Од СВР Велес за „Фокус“ го потврдија случајот.
-На 15.07.2024 во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од таму.
Вики Клинчарова