Пентагон отвори официјална страница со информации за НЛО

by Fokus

Одделот за одбрана на САД отвори веб-страница со јавно достапни информации за неидентификувани аномални појави (УАП), попознати како НЛО. Веб-страницата треба да функционира како централна база на податоци за информации за решените видувања на УАП, со фотографии и видеа што ќе бидат објавени веднаш штом ќе бидат декласифицирани, изјави минатиот четврток портпаролот на Пентагон, генералот Пет Рајдер.

-Другите содржини на веб-страницата вклучуваат различни извештаи и дел за често поставувани прашања, како и линкови до официјални извештаи, транскрипти, соопштенија за печатот и други ресурси кои можат да бидат корисни за јавноста. Сакаме да бидеме транспарентни со американскиот народ за работата на ААРО на УАП, рече Рајдер, јави Си-ен-ен.

Веб-страницата е управувана од гореспоменатата ААРО (Канцеларија за решавање на аномалии на сите домени). Иако темата за неидентификувани летечки објекти долго ја заинтригира јавноста, интересот за УАП уште повеќе се зголеми во јули, кога тројца воени ветерани сведочеа пред Конгресот и рекоа дека владата не го открила целото свое знаење за мистериозните објекти на небото.

-УАП, какви и да се, може да претставуваат сериозна закана за воените и цивилните авиони. Треба да охрабруваме повеќе известување за UAP-и, не помалку. Колку повеќе разбереме, толку побезбедни ќе бидеме, рече демократскиот пратеник Роберт Гарсија за време на рочиштето.

Поврзани новости