Пентагон: Не сакаме војна со Русија, но ќе продолжиме да ѝ испраќаме оружје на Украина

by Fokus

Америка не сака војна со Русија, но ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

„ Не сакаме војна со Русија, тоа не е нашата намера, но апсолутно ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина – изјави таа за новинарите.

Таа истакна дека биле информирани непосредно пред лансирањето на балистичка ракета од Русија во Украина.

„ САД беа информирани непосредно пред лансирањето преку специјални канали – им рече таа на новинарите.

САД ја предупредиле Украина за можноста Русија да ја искористи новата ракета „Орешник“.

Синг не одговори на прашањето како Украина може да се подготви за таков напад.

Претседателот Владимир Путин синоќа изјави дека Русија истрелала хиперсонична верзија на балистичка ракета во фабриката „Јужмаш“ во украинскиот град Дњепропетровск како одговор на украинската употреба на американски и британски ракети со поголем дострел за напад на руска територија.

Путин посочи дека Русија верува дека има право да ги гаѓа воените објекти на земјите кои дозволуваат нивното оружје да се користи против Русија.

Поврзани новости