Пентагон ја прецени вредноста на американската опрема испорачана во Украина за околу три милијарди долари, изјавија денес помошник во Сенатот и претставник на одбраната.
Поголема вредност е доделена на оружјето што беше одвоено од американските резерви и потоа испратено во Украина, изјавија во денес двајца високи претставници на одбраната.
„Најдовме недоследности во тоа како ја оценуваме опремата што и ја дадовме на Украина“, изјави за Ројтерс висок претставник на одбраната.
.Конгресот ќе биде информиран за сметководственото прилагодување , пренесе Ројтерс.
Официјален претставник на одбраната рече дека постои можност количината на оружје да се зголеми бидејќи Пентагон ја испитува ситуацијата потемелно.
Почнувајќи од август 2021 година, Соединетите американски држави испратија оружје во Украина во вредност од приближно 21,1 милијарди долари од нивните резерви.
Администрацијата на Бајден може да ја одложи намерата да побара од Конгресот да одобри дополнителни средства за Украина, бидејќи во тек е проблемот со плафонот на американскиот долг.