Пентагон: Иран заплени, па ослободи американски поморски дрон

by Fokus

Пентагон денеска соопшти дека ирански брод запленил поморски беспилотно летало на американската морнарица, но дронот бил ослободен откако на местото на инцидентот биле испратени американски патролен брод и хеликоптер.

Дронот „Сејлдрон експлорер“ (Saildrone Exlporer) опремен со сензори, радари и камери се наоѓал во меѓународните води на Персискиот Залив и собирал навигациски и други податоци, се наведува во соопштението на Централната команда на американската Петта флота.

Дронот е опремен со цврсто крило, што наликува на едро високо пет метри, кое има соларни панели, се движи со помош на сончева енергија и ветер и може да врши мисија до една година, а со него се управува и од далечина. Дронот може да собере широк опсег на океански, метеоролошки и навигациски податоци, како и стратешки информации.

Во соопштението на Петтата флота се наведува дека дронот е во сопственост на американската Влада, но дека технологијата е комерцијално достапна и не содржи чувствителни или доверливи информации.

Поврзани новости