Пентагон: Американски државјани се повредени во нападот во Кабул

by fokus

Американски државјани се меѓу повредените во нападот пред аеродромот во Кабул, соопшти портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на Твитер.

Тој ја нарече експлозијата што се случи на една од портите на аеродромот како „комплексен напад“.

Кирби не даде никакви информации за бројот на загинати или повредени лица.

Тој потврди дека се случила уште една експлозија во хотел во близина.

Невладината организација „Итна помош“ претходно на Твитер соопшти дека во нападот загинале најмалку шест лица.

Според невладината организација, која раководи со болница таму, досега се примени 60 повредени лица.

Поврзани новости