Пенов потврди: Универзална сала целосно ќе биде преземена од Министерството за култура

by Fokus

Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска добиле зелено светло од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска за Министерството за култура целосно да ја преземе Универзална сала.

Пенов од Арсовска побарал објаснување и за проекти кои се реализираат и кои се од интерес за скопјани.

– Јас бев и за проектите кои се важни за Скопје, како што се подземниот премин кај „Рамстор“, мостот во Карпош кај Љубљанска, кој е од особено значење за скопјани да го имаат, и оној во Аеродром кој стои заради имотно-правни односи. За овие проекти се договоривме да соработуваме со Арсовска, рече Пенов по средбата со Арсовска.

Пред средбата министерката за култура изјави дека со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов имаат задолжение од Влада да направат работен состанок со градоначалничката Данела Арсовска по однос на прашањето за состојбата со Универзална сала.

– Ние како влада предводена од СДСМ уште пред две години ја препознавме потребата од реконструкција, од зачувување на Универзална сала како навистина голем национален сопственик. Токму затоа доделивме средства преку Министерството за култура кои беа префрлени на Градот Скопје за реконструкција на Универзалната сала. Бидејќи таму работите се во застој денеска сакаме да разговараме со градоначалничката за да изнајдеме некое решение за универзална кое е од важност не само за Градот Скопје туку за цела држава да се врати на својата функционалност и да може што поскоро да биде реконструирана“, изјави Костадиновска-Стојчевска пред состанокот.

Поврзани новости