Сосема е нормално и прифатливо во секоја Влада да се случуваат кадровски промени, рече премиерот Димитар Ковачевски, кој во собранието го предложи Ристо Пенов да биде министер за локална самоуправа.
-Сакам да ве уверам дека станува збор за одличен предлог кој ќе ја зајакне Владата и ќе ја зголеми ефикасноста и успешноста во нејзиното работење. Станува збор за значаен ресор за нашите општини кои за една година гледаме дека се наоѓаат во проблеми кои ги водат неспособни градоначалници. Предлагам вистински човек, на вистинско место, во вистинско време – рече Ковачевски.
Тој додаде дека Пенов е синоним за успешен градоначалник, за макотрпна работа, за резултати и успех.
-Тој е потврда за скромност, чесност и работливост. Тој е човек кој интерира, соработува и има визија. За него најдобро говорат капиталните проекти во Скопје, улиците, мостовите, инфраструктурата, километрите нови патишта, тротоари, нови плоштади, поддршка на локалните бизниси и на културата – истакна Ковачевски.