348
Општина Карпош е позитивен пример за почитување на препораките на Владата во однос на штедењето на електричната енергија, има потребна од решавање на проблемот со паркирањето.
Ова го истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при посета на Општина Карпош.
„Карпош е позитивен пример во однос на почитувањето на препораките на Владата за штедење на електрична енергија, а тој пример треба да го следат останатите општини кои не се придржуваат доволно до препораките“, рече Пенов.