Охриѓанецот Христијан Пендиков, по завршувањето на денешното судско рочиште во Основниот суд во Охрид во кратка изјаза за медиумите порача дека не се плаши да доаѓа на рочиштата, но откри дека добивал многу закани по живот.
Иако претходно тврдеше дека се плаши да се врати во Македонија, сега тој порача: „Не се плашам“.
„Лично да се плашам, не се плашам. Ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење, на Фејсбук, месенџер, да се читаш во коментари“, рече Пендиков.
На прашање за неговата здравствена состојба, рече: „Сега сум подобар, имам се уште прегледи кои ми следуваат, имам два пукнати пршлени. Се надевам дека ќе можам да патувам на 12 јули“, мислејќи на следното судско рочиште во судот во Охрид.
На прашањето дали беше непходно од неговиот случај да се прави политика, тој се насмевна и не одговори ништо.