648
Чувството е поспокојно, ќе можам поспокојно да одам во Северна Македонија, каде ми претстојат судски процеси и се надевам дека ќе завршат некогаш, изјави Христијан Пендиков кој денеска официјално ги доби документите за бугарско државјанство.
Тој се чувствувал позаштитен затоа што знаел дека го заштитува Бугарија и рече дека секој ден добивал закани по животот.
Пендиков планира да се запише на универзитетот во Бугарија, да учи меѓународни односи и човекови права, да заврши и потоа да се врати во Република Северна Македонија, затоа што требало да се бори македонските Бугари да имаат исти права како сите граѓани кои живеат во Македонија.
-Секогаш ќе помагам бидејќи ние сме Бугари од Македонија кои треба да внимаваат еден на друг, рече Пендиков.