478
Претседателот на државата Стево Пендаровски на својот профил на Твитер најави дека за утре е закажана лидерска средба, која најверојатно би била за одложување на изборите, кои треба да се одржат на 12 април.
На средбата треба да присуствуваат и премиерот Оливер Спасовски и претседателот на Собранието Талат Џафери.
Денеска лидерите на поголемите политички партии веќе изразија подготвеност за одложување на изборите поради коронавирусот.