Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност

by Fokus

Утре во 12:00 часот во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Оперативно-Техничката Агенција ОТА, Зоран Ангеловски и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На осмата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за политичко-безбедносната состојба во земјава по членството во НАТО.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста.

Поврзани новости