Пендаровски за Сребреница: Должност е да се сеќаваме на ова злосторство за никогаш да не се повтори

by Fokus

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски со објава на Фејсбук по повод 26-годишнината од геноцидот во Сребреница истакна дека „наша генерациска должност е да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори“.

– Почит за над 8 илјади луѓе – жртви на геноцидот во Сребреница. Убиени, само затоа што биле босански муслимани.

Наша генерациска должност е да се сеќаваме на ова злосторство против човештвото за никогаш да не се повтори, стои во објавата на претседателот.

 

Поврзани новости