Пендаровски за одлуката на Стразбур: Своите права треба да си ги остваруваат пред домашните институции

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски ја поздрави одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур донесена утрово со која се отфрла тужбата против Република Северна Македонија.

-По објавувањето на одлуката од страна на Европскиот суд за човекови права, претседателот ја разгледа со советничкиот тим и смета дека сите засегнати со постапките поведени од страна на Обвинителството и судовите во државата, треба своите права да си ги остваруваат пред домашните институции, како што е наведено и во одлуката на Судот во Стразбур.

Во оваа смисла, сите постапки пред домашните судови продолжуваат до нивно конечно завршување, односно исцрпување на сите правни средства согласно правните прописи на нашата држава, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот Пендаровски.

Поврзани новости