495
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека претседателот на државата Стево Пендаровски има драстична промена во ставот по прашањето за референдумот.
Од партијата на Христијан Мицкоски посочуваат дека Пендаровски покажува дека нема политички капацитет туку се води од теснопартиски интереси.
„Станува збор за биполарно однесување“, истакнуваат од опозициската партија.
Ваквата реакција доаѓа по последната изјава на претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој рече дека не го разбира барањето на опозицијата за референдум, нарекувајќи го манипулација на Мицкоски.
Пендаровски пред неколку дена истакна дека доколку опозицијата излезе со искрена формулација на прашањето, сите политички партии треба да излезат на референдум, а не да бојкотираат.