Пендаровски за Фокус: Можна е влада без СДСМ или ВМРО, но можна е и без ДУИ

by Фокус

Кој ќе партиципира во идната влада ќе зависи од преговорите што ќе ги водат партиите што обезбедија влез во Собраниетo, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за најновиот број на неделникот Фокус.

-Така што, возможна е влада без СДСМ и коалицијата кои освоија најмногу пратеници, или без ВМРО-ДПМНЕ, која е втора партија според истиот критериум. Јасно е дека ако така се договорат, возможна е и влада без партијата што е трета според бројот на освоените мандати – посочува Пендаровски.

Тој смета дека барањето на ДУИ за Албанец-премиер е легитимно, но, како што нагласува, кога една партија влегува во преговори за формирање на влада се соочува со исто така легитимни барања на потенцијалните коалициски партнери.

-Во изминативе три децении, само во два наврати претседателот на најголемата партија на власт не бил и премиер – во експертската влада на Никола Кљусев и за време на кусиот мандат на Хари Костов, кога најголемата партија и немаше избрано партиски претседател. Тоа е така затоа што премиерот е влијателна политичка фигура од која зависи генералната насока на државата, поради што партиите со најмногу мандати тешко се откажуваат од неа – истакнува Пендаровски.

Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости