570
Кандидатот за претседател од СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски во денешната претседателска дебата доби прашање од Христијан Мицкоски како го коментира случајот „едно евро за Вицето, едно за цркавата“.
-Јас сум легалист и сакам да видам што во судската пресуда е кажано. Таму се вели дека снимката која ја направил агентот провокатор е непотполна и недостасуваат важни делови, поради што и пресудата е ослободителна. Тоа само потврдува дека во тој период имаше страшни злоупотреби на власта, со тоа што и ПИМ мерки со агент провокатор потоа беа јавно објавувани, одговори Пендаровски.