Пендаровски за апсењето на Фуркан Салиу: И да пружел отпор, толкава прекумерна сила за приведување на едно лице?

by Fokus

Македонскиот претседател Стево Пендаровски во гостување на ТВ21 даде свој коментар за вчерашното апсење на новинарот Фуркан Салиу.

Пендаровски вели дека и да бил виновен и да пружел отпор, толкава прекумерна сила не се употребува за приведување на едно лице.

„Го коментирав она што го видовме, и таа слика апсолутно независно кој е кабает, и особено ако е точно дека пиштолот на господинот, новинарот бил во кола, а не со него во тој момент, апсолутно се непријатни сцените во кои неколку специјалци се нафрлиле врз граѓанин, еве и да не е новинар, а особено што е новинар, кој во последно време отвора непријатни афери за опозицијата, тоа делува грдо“ – вели Пендаровски.

Претседателот вели дека засега нема повеќе информации, но би требало да се слушнат и двете страни.

 

Поврзани новости