Пендаровски: За 4 лица под лупа на обвинителството ќе нема место во мојот кабинет и во агенцијата

by Фокус

Имам намера да учествувам темелно во реформите на тие служби, бидејќи значајни сегменти се уште не се реформирани, порача новиот македонски претседател Стево Пендаровски, откако денес го доби уверението од Државната изборна комисија.

-Во рапортот на Прибе најголемите забелешки беа стравичните злоупотреби на безбедносно – разузнавачкиот апарат. Не сум само јас надлежен, но имам ингеренции посебно во Агенцијата за разузнавање. За дел од лицата во Агенцијата веќе се водат и постапки и сите оние кои се огрешиле од Законот, не можат да работат ниту во Кабинетот на претседателот, ниту во Агенцијата за разузнавање. Според моите информации, Обвинителството води истрага за 4 лица – рече Пендаровски.

Во однос на законите кои претседателот во заминување одбиваше да ги потпише, Пендаровски истакна дека ќе се обиде најбрзо што е можно од понеделник да го доекипира правниот тим и веднаш потоа во најбрз можен рок да ги потпише законите.

Поврзани новости