Јас го цитирам само законот, ако има нови докази кои не биле познати и судот реши дека треба ново судење тоа важи за секој случај па и за 27 април, изјави претседателот Стево Пендаровски по средбата со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
Тој потенцираше дека тие не се сложиле околу квалификациите или дисквалификациите на овие дела туку се сложиле дека политиката треба да биде подалеку од судството. Според Пендаровски средбата ја побарал Мицкоски и на неа многу кратко се разговарало за 27 април, туку средбата ја прифатил за да се вопостави политички дијалог меѓу опозицијата и институцијата претседател.
-Помилувања за лица кои направиле кривично дело не доаѓа предвид, рече Пендаровски.
Тој спомена дека дел од луѓето кои го претепаа Зијади Села во Собрание биле судени за убиство во обид, човекот кој ја нападна тогашната пратеничка Радмила Шекеринска беше суден за насилство, но вели дека факт дека овие луѓе направија страшни кривични дела.
Неговата теза е дека двете политички партии имаат крајно спротивставени мислења за овие луѓе, за една страна се терористи рамни на Ал Каеда и ИСИС, а за другата страна се уставобранители и целта на оваа средба е да помогне двете страни да не се гледаат преку „нишан“ констатирајќи дека граѓаните досега не биле никогаш вака поделени.
Вели дека со оваа негова теза не прави ревизија на судската пресуда, но вели дека само цитира одредба на законот и законска можност осудените за 27 април да достават нови докази и да имаат повторено судење.
За изјавата на Мицкоски дека наишол на разбирање кај Пендаровски вели дека тие само го цитираат законот. За неговиот став дека овие лица не се теорористи тој вели дека тој се води од правната квалификација за која се осудени лицата, а тоа не е тероризам, туку терористичко загрозување на уставниот поредок.