Има правни експерти кои тврдат дека врз основа на постојниот Закон за здруженија и фондации има член што може да ја преиспита работата на постојните здруженија, ако тие не работат во насока на она што го декларирале, изјави претседателот Стево Пендаровски.
Според него, еден од тие услови е ако разгоруваат национални или верска омраза и нетрпеливост.
Во одговор на новинарско прашање по денешната свечена церемонија на која со Медал за заслуги беа одликувани 13 истакнати дејци од областа на македонската народна музика, претседателот истакна во случајот со формирањето на задруженија со контроверзни имиња се работи за интенција од страна на Бугарите кои живеат во Северна Македонија.
– Инаку, некои од здруженијата се формирани пред три години. Последното е формирано пред една година. И не е возможно кога ние почнуваме скрининг процес и отвораме процес на преговори, генерално после 17 години, тоа да биде баш случајно. Јас пред три месеци, ако паметите, предложив да се донесат амандмани на постојниот Закон и гледам дека Владата кон крајот на месецов најавува дека ќе има такво нешто. Меѓутоа, тоа ќе го реши проблемот за понатаму, значи од усвојување на законот па понатаму, додаде Пендаровски