471
Во недела во 12 часот ќе се одржи инаугурацијата на Стево Пендаровски како петти претседател на Република Северна Македонија. Со тоа ќе заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов кој на таа позиција беше десет години.
Еден до два часа подоцна се планира во претседателската вила Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција.