546
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски ќе учествува на прославата на 75 годишнината од победата во Втората светска војна, која ќе се одржи на 9 мај наредната година во Москва по покана од рускиот претседател Владимир Путин, јави руската новинска агенција ТАСС.
„Еден од главните принципи на нашата држава е борбата против фашизмот. Значи, секако ќе бидам таму“, изјави Пендаровски за време на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на маргините на Парискиот мировен форум.