Пендаровски во Киев по повод 30-годишнината од независноста на Украина

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре, претседателот Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина што ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во рамки на работната посета, Пендаровски ќе има средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а предвидена е средба и со Шарл Мишел, претседател на Европскиот Совет, информираат од кабинетот на претседателот.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина, што се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“, предвидено е присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.

Поврзани новости