Пендаровски во Чикаго го одликува со орден директорот на Боинг

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски влера во чикаго во САД го одликува со оредн 8 септември извршниот директор на авионската компанија Боинг дејвид Калхун, соопштија од кабинетот на претседателот.

-Вечерва со нас е г. Дејвид Калхун, претседател и главен извршен директор на Боинг. Како симболичен гест на благодарност во име на сите македонски граѓани, би сакал да го одликувам со орденот 8 Септември, едно од највисоките државни одликувања, како признание за неговиот непроценлив придонес во изградбата на македонско – американските деловни односи и поддршката за македонската економија. Знаете, со тек на време, некои професионални ангажмани одат подалеку од рамките на деловната комуникација и поставуваат силни темели за долгорочни пријателства, изјави Пендаровски.

Од кабинетот на Пендаровски соопптија дека по учеството на претседателот на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации кое се оддржа во Њујор во САД, тој вчера попладне во Чикаго, како почесен гостин се обрати на донаторска вечера Патишта кон просперитет во организација на  Македонија2025.

-Постои поговорка која вели дека богатството на еден човек се мери во бројот на пријатели. Судејќи по ова, и покрај фактот што доаѓаме од мала држава, имаме многу големи пријатели кои нѐ охрабруваат да станеме подобри луѓе. Секако, се подразбира дека Дејвид Калхун е еден од нив, на што сме особено горди, изјави Пендаровски.

Поврзани новости