Пендаровски: Во Берлин беше постигнат компромис, но го одбија Борисов и Радев

by Фокус

На средбата на германското претседателство со ЕУ со владините делегации на Бугарија и на Северна Македонија во понеделникот во Берлин, бил постигнат компромис што Софија подоцна го одбила, изјави претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју за „360 степени“.

-Тимовите разговараа пред некој ден во Берлин. На маса биле отворени неколку идеи. Со исклучителен ангажман на двајцата германски министри Хајко Мас и Михаел Рот, според извори од двете делегации, беше најден заеднички договор. Бугарија, сепак, не го прифатила тоа што начелно било договорено од шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева, вицепремиерот за евроинтеграција Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи – вели Османи.

Прашан како од 1 до 10 би ги оценил шансита во декември сепак да се одржи првата меѓувладина конференција и земјава да ги почне пристапните преговори со ЕУ, шефот на државата кажа дека шансите  се 3.

– Од сето она што го склопувам како информација и од нашата мисија во Брисел и од нашите пријатели кои не се малку во Европската унија, е дека Бугарија во овој момент делува како да е тврдо решена да постави блокада на нашиот пат кон ЕУ. Не би сакал да прејудицирам, бидејќи тие го одложија Советот за општи работи за 17 ноември, што значи има десетина дена во кои може да се најде заедничка солуција – изјави Пендаровски.

Поврзани новости