Пендаровски: Во 2015 година ги одложувавме изборите, иако немавме ваква состојба

by fokus

Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност изјави дека не гледа проблем да се одложат изборите. Ја спомена 2015 години и нагласи дека тогаш изборите биле одложувани, и покрај тоа што немало ваква состојба.

-Прогласување на вонредна или кризна состојба нема никаква корелација со одржување избори, во правна смисла. Во политичка да, но во правна не. Со други зборови, и во таква ситуација, Франција одржа избори. Без да биде прогласена било каква кризна состјба, ние во 2015 два пати ги одложувавме изборите. Собранието се враќаше, ја поништуваше одлуката за изборите и се одложуваа. Таков правен преседан, се случувал. Не гледам проблем да се одложат изборите. Впрочем утре во 12 часот ќе има лидерска средба во една точка на дневен ред, да се одложат изборите. Денеска со официјален допис, мониторинот на мисијата ОБСЕ / ОДИХР ја откажа таа мисија и за неколку дена и физички се повлекува од државата, рече Пендаровски.

Поврзани новости