420
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски на денешната средба со жителите на Дебарца порача дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО носат економски придобивки за развој нашата држава и сите граѓани.
-Во 2018 година, само по добивањето на поканата за НАТО, во државата влегоа 625 милиони евра странски инвестиции, што е двојно повеќе од најдобрата година на таканаречениот реформатор Груевски. Тоа дополнително ќе се интензивира по влезот во НАТО и започнувањето на преговорите со ЕУ. Во 2014 година бевме морални победници, но сега мораме да бидеме и реални победници, рече Пендаровски.