Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден докажан пријател во меѓународната заедница

by fokus

Говорејќи пред граѓаните на Гостивар, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков план за тоа што ќе прави во делот на евроинтеграцијата и досега постигнатите договори со соседите, рече вечерва од Гостивар претседателскиот кандидат од СДСМ, Стево Пендаровски.

-Што нуди ВМРО-ДПМНЕ во однос на договорите што не вратија во нормалниот цивилизиран свет? Нудат поништување. Кога ќе ги прашате што после тоа поништување, велат повторно ќе почнеме да преговараме. Имате ли гаранции дека некој од надвор од големите сили ве поддржува за тоа повторно да го преговарате и да го доведете до исход кој е добар за народот и државата? Немаат, рече Пендаровски.

Пендаровски додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден докажан пријатле во меѓународната заедница.

-Немаат еден докажан пријател, партнер од големите сили, како што имавме ние. Сите овие договори што ги споменувам и со Грција и со Бугарија и со Европа се направени со огромна поддршка и помош од Америка, од Германија, Франција, од големите меѓународни сили. Тие немаат ниту еден и затоа кога доаѓаат пред вас ви кажуваат дајте ни власт па од 9 мај ќе ви кажеме кои се нашите планови. Тоа е крајно несериозно, порача Пендаровски.

Поврзани новости