1.3K
Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на телевизија Сител изјави дека работата со новиот мандатар и лидер на СДСМ е веќе завршана, односно според него веќе се знае наследникот на Зоран Заев.
-Нека не ми замери никој, тоа е од она што можам да го видам од надвор. На таа тема немам разговарано со Заев бидејќи не ми припаѓа таа тема. Не умесно е да го прашам кој ќе биде место него, тоа е работа на партиското членство. Но од она што го гледам во јавноста, мене ми се чини дека тоа веќе се знае во раководството на СДСМ, изјави Пендаровски.