Пендаровски: Украина е морален победник во војната

by Fokus

Измина една година по руската инвазија над Украина, а претседателот на Македонија, Стево Пендаровски смета дека Украина веќе е морален победник во овој конфликт.

„Нема дилеми дека Украина е веќе морален победник во овој конфликт бидејќи успеа зад својата кауза да го обедини демократскиот свет кој покажа невидена солидарност и поддршка во спротивставување на газењето на човековите права и посегнување по слободата на другиот. Единството на деморкатскиот свет и натамошната поддршка за Украина е исто толку важна колку и решеноста на украинскиот народ да ја извојува победата“, рече Пендаровски.

Поврзани новости