677
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во Утрински бригинф на Слободна ТВ говореше за војната која започна во Украина вчера утрото.
„Очигледно е дека Путин одамна го планирал ова. Тој има намера комплетно да ја освои Украина уште од пред пет месеци. Русија има 500 милијарди долари резерви и мислам дека ваква војна може да издржи две години, така говорат разузнавачките информации. Експертизите на социјалните мрежи говореа дека Црна Гора и Македонија се следни по оваа војна, не се точни“, рече Пендаровски.