Претседателот Пендаровски на средбата со бугарскиот претседател, Радев во Рим порача дека напредок и прогрес е возможен само ако во дијалог веруваат двајца рамноправни соговорници, без потценување, со меѓусебна почит.
– Тоа што сме денеска заедно со Радев не е случајно. Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, политичари кои може да зборуваат со европски јазик, за предизвиците, но и за иднината. Во Радев најдов соговорник со кој можам да зборувам на ист јазик, европскиот, што може да донесе посветла иднина за нашите две земји, истакна Пендаровски.
Заедничкото чествување на Кирил и Методиј, шефот на македонската држава го нарече нова динамика во билатералните односи.
– Ова е една нова динамика во нашите билатерални односи која се надевам ќе биде продолжена, напомена Пендаровски.