Откако техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев ги укина наредбите на неговиот претходник и сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, денеска претседателот Стево Пендаровски доби двојно обезбедување, потврдува дополнителната заменик министерка, Славјанка Петровска за Фокус.
Освен неговото редовно обезбедување, Пендаровски сега го обезбедуваат и телохранителите на поранешниот претседател Ѓорге Иванов кои претходно со наредба на Спасовски биле распоредени во други организациони единици во Министерството за внатрешни работи, според потребите.
Но, откако Чулев ги укина наредбите на Спасовски сега тие имаат решенија со кои се враќаат на старите работни места.
Техничкиот министер Чулев потпиша телеграма која е доставена до сите организациски единици во МВР, со која ги известува раководителите на организациските единици дека наредбите донесени согласно член 154 од Законот за внатрешни работи, со кои на работниците им се наредува да извршуваат задачи во други организациони единици престануваат да важат.
Дополнителниот заменик министер, Славјанка Петровска најави кривична пријава за него.