Пендаровски: Сликите од болниците во Италија се страшни, ова е заедничка битка

by Fokus

По информацијата дека Италија забележа нов црн рекор рекорд со 793 жртви во еден ден од коронавирусот, претседателот Стево Пендаровски изрази сочувство преку социјалните мрежи велејќи дека сликите од италијанските болници се страшни.

„Сочувство за Италија и сите нејзини жители, меѓу кои се и наши сограѓани. Тажни вести слушаме од Италија секој ден. Бројот на жртви од ковид-19 во едно деноноќие се брои во неколку стотици. Сликите од болниците се страшни, а трендовите се неповолни. Загрижувачки вести слушаме секојдневно и од многу други земји, во нашиот регион и подалеку“, -вели Пендаровски.

Тој им порачува и македонските граѓани да ги почитуваат препораките на нашата Владата затоа што ова е заедничка битка.

„Иако кај нас бројките сè уште се во благ пораст, мораме да бидеме претпазливи. Да ги почитуваме препораките, да бидеме одговорни кон јавното здравје и да бидеме солидарни, колку можеме да си помагаме. Ограничете го своето движење и излегувајте од дома само за значајни потреби. Ова е заедничка битка, не само наша и не само тука. Заштитете се себеси и сите околу вас“,- додава шефот на државата.

вели Пендаровски.

Поврзани новости