Пендаровски: Селективниот пристап на делови од Владата кон верските заедници придонесе вирусот дополнително да се шири

by fokus

Jас мислам дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките, прописите и законите во однос на верските заедници конкретно мислам дека дополнително придонесоа да се шири вирусот, вели за РСЕ претседателот Стево Пендаровски.

-Јас мислам дека делови од владата со тоа што селективно ги применуваат мерките, прописите и законите во однос на верските заедници конкретно мислам дека дополнително придонесоа да се шири вирусот, меѓутоа не можете да ги исклучите од одговорност и клучните верски лидери или поодделни регионални верски лидери и во ИВЗ и во МПЦ кои постапија комплетно неодговорно кон сопственото здравје и здравјето на верниците, меѓудругото, кога повикуваа на чествување или следење на тие црковни или верски протоколи без комплетно почитување на препораките. Јас го реков тоа и на првата моја прес-конференција по повод првата вонредна состојба, ако е можно Саудиска Арабија со клуч да ги затвори џамиите, ако е возможно папата само, комплетно сам, да држи миса, не гледам причина нашите цркви и џамии да бидат делумно отворени. И ние во тие две најголеми верски деноминации селективно да ги применуваме прописите, или работат или неработат, вели Пендаровски.

 

Поврзани новости