Пендаровски се уште не размислувал за нов мандат, не рекол дека нема да се кандидира пак

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски бил погрешно разбран на прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, информираат од неговиот кабинет за „360 степени“.

Тој одговорил негативно на прашањето дали размислува да се кандидира, мислејќи дека во моментот се занимава со работата во првиот мандат и дека има уште време за да размислува за нов мандат.

Претходно беше пренесено дека тој нема да се кандидира за втор мандат на претстојните претседателски избори.

Поврзани новости