Од исклучителна важност е скорешно одржување на меѓувладината конференција и формалниот почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија, било потенцирано на средбата на претседателот Стево Пендаровски со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
На средбата се разговарало за можностите за напредок на Северна Македонија во евроинтеграциите, во пресрет на одржувањето на Советот на Европската Унија следниот месец. Пендаровски и Силва размениле информации и мислења за билатералните прашања врзани со добрососедските односи, во контекст на надминување на проблемите со Бугарија, соопшти кабинетот на шефот на државата.
Претседателот изрази благодарност до министерот Силва за напорите на португалското претседателство коешто, покрај бројните значајни теми, ја одржува во фокус и дебатата за проширувањето на Европската Унија. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји не присуствувал на средбата бидејќи морал порано да отпатува.