573
Претседателот на ОМ, Љубе Бошкоски денес имаше средба со претседателот Стево Пендаровски, соопшти неговата партија.
-На средбата се разговараше за евро-атлантските интеграции на државата и за изборниот модел на следните избори. Обединети за Македонија, како центар-десно партија, е готова да помогне со своите конекции во европската десница за помош и побрза интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија, како наши стратешки партнери за подобра иднина на нашата земја, соопштија од Обединети за Македонија.