Пендаровски се слушна со папата Франциск, претседателот жали што не го посетил Ватикан

by Фокус

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со папата Франциск. Од неговиот кабинет соопштија дека Пендаровски изразил жалење затоа што поради пандемијата на КОВИД-19 не се реализираше неговата посета на Ватикан по повод чествувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Воедно, во телефонскиот разговор биле разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу земјава и Ватикан, кои, според соопштението од Водно, се пријателски и се базираат врз значајни историски врски, споделени духовни и културни вредности и традиции.

„Истакнувајќи ја историската важност на минатогодишната посета на Папата Франциск на Република Македонија, претседателот Пендаровски посочи на интересот на нашата држава за продлабочување на врските со Светиот Престол во сите сфери од заемен интерес“, стои во соопштението.

Поврзани новости