Претседателот Стево Пендаровски денеска јавно изрази разочараност од специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од, како што рече, она што го слушнал во објавените материјали за случајот „Рекет“.
-Како граѓанин сум разочаран што се изневерени и моите очекувања и тоа најмногу од луѓето од кои очекувавме да се борат за правна држава. Свесен за мојата одговорност како претседател на сите граѓани и мојата должност да ги штитам интересите на државата и нејзините граѓани, нејзиниот просперитет и безбедност, како и реализацијата на стратешките надворешно-политички цели кон кои изминативе две години забрзано се движиме – НАТО и ЕУ барам од надлежните институции ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата почитувајќи го начелото на презумпција на невиност -изјави тој.
Притоа, Пендаровски посочи дека двапати се сретнал со првосоомничениот Бојан Јовановски – еднаш во 2016 година во Кампот на слободата пред Владата и втор пат неодамна при неговото гостување во 1 ТВ, меѓутоа, истакна претседателот, тоа било најобично пиење кафе.