Пендаровски се обрати пред Централниот совет на ДУИ

by fokus

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски денеска имаше кратко обраќање пред членовите на Централниот совет на ДУИ кои на седница меѓудругото расправаат за потврдата на неговата кандидатура за претстојните претседателски избори.

Пендаровски во својата изјава посочи дека се обратил на покана на раководствто на ДУИ во пресрет на нивната формална одлука за негова поддршка, бидејќи политичкиот договор на 31 партија за негова кандидатура мора да ги помине внатрепартиските процедури во секоја од овие партии.

– Овој викенд повеќе партии имаат состаноци и јас во моментов доаѓам од конгресот на СДСМ во Скопје каде што исто така формално треба да се потврди мојата кандидатура, бидејќи без тоа не може да се продолжи со процедурата во ДИК. Затоа ја посетив и политичката партија ДУИ и неколку помали политички партии за оваа цел. Што се однесува до мојот концепт со кој ќе се претставам овој месец, месец и половина од кампањата на изборите, веќе 20 години имам јавни настапи и по медиуми и пред јавноста и мојот концепт останува Македонија за сите, каде што ќе нема граѓани од втор и трет ред и нема да има потстанари и газди, односно сите треба да бидат еднакви без разлика на етничка заедница, религија или политичка партија. И на изборите во 2014, како и во 2016 година бев еден од кандидатите на парламентарните избори во декември настапив со овој концепт и каде и сега нема да има никакви поважни измени. За тој концепт верувам и се залагав и многу пред да знам дека ќе бидам кандидат за било која функција, рече Пендаровски.

 

Поврзани новости