Пендаровски: Решението на спорот со Бугарија не треба да задира во идентитетот на македонскиот народ!

by fokus

По воздржаноста на владиниот врв на барањето да го коментира францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија и претседателот Стево Пендаровски за „Фокус“ вели дека ќе ја почека финалната верзија, по што ќе го сподели својот став.

-Францускиот предлог е во фаза на усогласување меѓу земјите – членки на ЕУ и ние можеме да ја коментираме само неговата финална верзија, ни одговорија од Кабинетот на претседателот.

Сепак од таму додаваат дека е добро познат ставот на претседателот Пендаровски по ова прашање.

-Инаку, ставот на претседателот Пендаровски е познат, а тој е дека секое решение на спорот со Бугарија не треба да задира во идентитетот на македонскиот народ што е одамна потврден факт во светот, појаснуваа од кабинетот на претседателот.

В.В.

Поврзани новости