391
Прв ќе му честитам на оној, што би испреговарал подобра преговарачка рамка со ЕУ, но ги уверувам да не се обидуваат да го прават тоа, затоа што нема да има шанса повторно да се преговара за нешто кое е договорено со 27 земји-членки на ЕУ, вели претседателот Стево Пендаровски на прес-конференцијата со неговиот австриски колега, Александар Ван дер Белен.
Според него, оваа преговарачка рамка е договарана неколку месеци, а Франција е само посредник.
-Ако сите страни не се согласат со вашиот предлог, останува сегашната преговарачка рамка. Околу уставните измени, ако не се обезбедат две-третини, ќе бидеме повторно блокирани, но овој пат со сопствена одлука“, одговори Пендаровски.