Пендаровски: Приоритет ќе ми бидат армијата и војниците

by fokus

Кандидатот за претседател на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски денеска беше на средба во жителите на Јегуновце каде говореше за проектите од неговата програма и за заложбите како врховен командант на Армијата.

Пред граѓаните, Пендаровски рече дека доколку биде избран за претседател ќе се залага за модернизација на Армијата и за обезбедување на европски услови за македонските војници.

– Нашата армија е веќе дел од НАТО. Армијата е гарант на суверенитетот, независноста и неповредливоста на територијата на државата. Сите сме горди на нашите војници, тие се најзаслужни за успесите на меѓународните мисии и за поканата која ја добивме за членство во НАТО. Во мојот мандат како претседател, приоритет ќе биде токму Армијата и положбата на војниците, истакна Пендаровски.

Додаде дека процесите за модернизација на Армијата се веќе започнати и се обврза дека во соработка со Министерството за одбрана ќе ги интензивира овие процеси.

– Посебен фокус ќе ставам на покачување на платите, домувањето, но и мерките за поддршка на припадниците на Армијата по нивното пензионирање од активна служба во Армијата. Затоа е многу важно започнатите процеси да ги продолжиме, нагласи Пендаровски во Јегуновце.

Поврзани новости